Завршија ЗОИ во Пјонгчанг и ИОК ја укина суспензијата на Русија

Три дена по завршувањето на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг, обновено е членството на Русија во Интернационалниот Олимписки Комитет. Русија беше суспендирана на 5.декември врз основа на резултатите на некогашниот шеф на Антидопинг агенцијата на Русија, Григориј Родченков, за организирано користење на недозволени стимулативни средства.

Поради тоа спористите од оваа земја на ЗОИ во Јужна Кореја настапуваа под неутралното олимписко знаме, а поради двата допинг случаи во Пјонгчанг не им беше дозволено и носење на руски обележја на свеченото затворање на Игрите.

„Иако се уште не сме добиле официјална одлука од ИОК, ни беше речено дека доколку не се појават нови допинг случаи, суспензијата на Русија автоматски ќе биде симната. Знам дека се беше чисто, сите примероци на спортистите се завршени и сега можеме да зборуваме дека Русија е повторно член на Меѓународниот Олимписки Комитет. За рускиот спорт почнува нова епоха, важено е да почнеме сите одново, и да размислуваме позитивно за настапот на Олимписките Игри во Токио“, изјави членот на ИОК, Шамил Тарпишчев.

 

Се вчитува...