Завршниот турнир од Лигата на нации ќе се игра во Холандија

Завршниот турнир во Лигата на нации ќе се одржи од 14 до 18 јуни следната година во Ротердам и Еншеде во Холандија.

На фајналфорот се пласираа Холандија, Хрватска, Италија и Шпанија. УЕФА се уште не објави кога ќе се извлечат полуфиналните двојки.

Локалните медиуми тврдат дека Холандија ќе игра во првото полуфинале на 14 јуни на стадионот Феенорд во Ротердам, а второто полуфинале е ден подоцна во Еншеде.

 

Се вчитува...