Завршниот турнир во Били Џин Кинг купот ќе се одржи во Шенжен, Кина. Завршниот турнир ќе се одржи од 16. до 21. септември во Шенжен, со цел подобро да се вклопи во календарот на тениските натпреварувања.
Шенжен ќе биде домаќин на неофицијалното репрезентативно Светско првенство во тенис до 2027 година.
По завршувањето на УС Опен на 7. септември, ВТА турнејата заминува во Азија. Отвореното првенство на Кина почнува на 24. септември во Пекинг, а потоа е турнирот во Вухан.
Во најдобрите осум на турнирот ќе учествуваат бранителот на титулата Италија и домаќинот Кина. Италија триумфираше минатиот ноември на турнирот со 12 репрезентации во Малага.
Останатите финалисти ќе бидат познати по комплетирањето на шесте квалификациски групи кои викендов ќе се играат во Австралија, Чешка, Јапонија, Холандија, Полска и Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА