Раководството на Евролигата деновиве ќе ги разгледува финалните можности за довршувањето на сезоната. Размислувањата се завршницата на европската сезона да биде преку Ф8 турнир во само еден град кој ќе биде домаќин на најдобрите европски екипи. А, изненадувачки, според грчките медиуми сега најсериозен кандидат за домаќин е Солун.
Од претходно е познат интересот на Белград, Москва, Келн и Атина да бидат домаќин на завршниот турнир од Евролигата. Но, кошаркарските работници беа едногласно дека тоа се градови каде пандемијата на коронавирусот е во сериозни размери, додека Солун е еден од најмалку загрозените поголеми градови во Европа.
Натпреварите би се играле во арената „Никос Галис“, која е со капацитет од 5.000 гледачи. Но, натпреварите секако би се играле без присуство на публика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА