По четири години „Фајнл 4“ турнирот од Евролигата повторно ќе се одржи во Белград, пренесува српскиот портал „Новости“. Во текот на денот очекувањата се раководството на најсилното европско кошаркарско натпреварување да ја потврди информацијата.
Првично истиот требаше да се одржи во Берлин, но поради мерките против Ковид-19 завршницата на сезоната би останала без навивачи, нешто што Белград може да го понуди.
Главниот град на Србија беше домаќин на завршницата во 2018 година кога во финалето Реал Мадрид славеше над Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА