Мохамед Салах на крајот од оваа сезона ќе го напушти Ливерпул, тврдат медиуми блиски до клубот. Како што наведува „Ливерпул Ехо“, 32-годишниот египетски играч ќе ги замине по истекот на договорот во јуни 2025 година.
„Мо Салах на крајот од сезоната нема повеќе да биде играч на Ливерпул“, тврди изданието.
Салах веќе осма година е дел од тимот од „Енфилд“. Со негово заминување ќе заврши и една ера на Ливерпул, во која Египќанецот го носеше тимот кон сите трофеи во ерата на Јирген Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА