Завршува најголемата тениска ера: Најдобрите три меча меѓу Ѓоковиќ и Надал

Новак Ѓоковиќ против Рафаел Надал денеска за последен пат ќе одиграат меѓусебен дуел, откако ќе се сретнат во мечот за третото место на „Слемот на шесте кралеви“ во Ријад.

Никој во историјата на машкиот тенис нема одиграно повеќе меѓусебни дуели, а се започна на Ролан Гарос во 2006 година, а заврши исто така на терените на Ролан Гарос, во второто коло на Олимписките игри во Париз осумнаесет години подоцна.

Дефинитивно најдобриот меч меѓу овие двајца беше историското финале на Австралија опен во 2012 година, финалето кое траеше пет часа и 53 минути и по кое во текот на церемонијата двајцата тенисери мораа да седнат на столчиња. На крајот славеше Ѓоковиќ со 3-2, по сетови 5-7, 6-4, 6-2, 6-7 (5-7), 7-5.

Број два ќе биде нивниот судир на Ролан Гарос една година подоцна – речиси ист трилер, само улогите се обратни. Во петтиот сет беше 2-0 за Ѓоковиќ, но Надал успеа да се врати и да слави на крајот со 3-2 6-4, 3-6, 6-1, 6-7 (3-7), 9-7.

Број три е полуфиналето на Вимблдон 2018 година, финале пред финалето, откако исцрпениот Кевин Андерсон го чекаше подобриот во финалето. Ѓоковиќ немаше освоено слем од Ролан Гарос во 2016 година, а Надал го немаше освоено Вимблдон од 2010 година. Новак извлече 15-40 на крајот од петтиот сет, за на крајот да слави по вкупно пет часа и 15 минути игра со 3-2 6-4, 3-6, 7-6 (13-11), 3-6, 10-8.

Се вчитува...