Италијанскиот калчолигаш Милан е на прагот да ги обезбеди услугите на напаѓачот Симоне Заза. Тој имаше одлична сезона во дресот на Валенсија, а сега би можел да се врати во Серија А. Тој на 33 натпревари постигна 13 гола за „лилјаците“ и го предводеше тимот до пласман во Лигата на шампионите.
Валенсија му даде одврзани раце на Заза да преговара со Милан, а тој се договори за плата од 2,5 милиони евра по сезона. Но, претходно „росонерите“ ќе треба да го продадат Никола Калиниќ и да ослободат место за брзоногиот Заза. Италијанските медиуми најавуваат дека Заза ќе потпише четиригодишен договор со Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА