Збогум, Битола: Тајник на крајот од сезонава се враќа „дома“

Домен Тајник ги минува последните месеци во дресот на Е. Пелистер откако словенечкиот репрезентативец донесе одлука да го напушти битолскиот клуб и да се врати назад во татковината.

Слован ќе биде нов клуб на одличниот среден бек, кој веќе се договори за тригодишна соработка со овој словенечки прволигаш. Тајник и минатото лето беше поврзуван со враќање назад во Словенија, тогаш тој реши да остане и да ја одработи последната година од договорот со „пелистерци“, но Домен дефинитивно заминува од Битола веднаш по завршувањето на сезонава.

„РК Слован во следната сезона ќе биде засилен со Домен Тајник. Словенечкиот репрезентативец потпиша договор со актуелниот шампион од Љубљана. Овој ракометар, кој моментно настапува за Пелистер, ќе се врат назад во родната Словенија на почетокот од сезоната 2026/27 и ќе остане во Слован најмалку до 2029 година“, се вели во соопштението на словенечкиот првак.

Се вчитува...