Збогум Динамо: Аријан Адеми се сели во Кина!

Големото дерби против Хајдук во кое постигна еден гол и имаше една асистенција воедно ќе биде и последен натпревар на Аријан Адеми во дресот на Динамо Загреб. Македонскиот репрезентативец минатиот месец инсистираше на трансфер, Динамо упорно го чуваше, но сега кога титулата е на дофат, „модрите“ дадоа зелено светло за капитенот да може да си замине од „Максимир“.

Како што јавуваат хрватските медиуми, далечната Кина ќе биде следната дестинација на Адеми, кој добил мултимилионска понуда што не сака да ја одбие. Името на клубот барем засега не се обелоденува во јавноста, но раководството на Динамо е во завршни преговори и се очекува во следните денови да даде зелено светло за овој трансфер.

И тренерот Анте Чачиќ, кој претходно јавно коментираше дека Адеми сигурно ќе остане, сега веќе не е толку цврст во своите ставови.

„Знам дека преодниот рок во Кина трае уште десетина дена. За понудата прочитав од весниците, тоа е се што можам да кажам во моментов“, изјави Чачиќ по големата победа над Хајдук.

Се вчитува...