Федералниот Суд во Италија донесе конечна одлука да му одземе 10 бода на Јувентус од моменталниот пласман во Серија А. Со тоа „старата дама“ падна на седмата позиција на табелата и повеќе нема шанси за изборување на место во Лигата на Шампиони следната сезона.
Казната за Јувентус доаѓа по скандалот со недозволеното стекнување на капиталните придобивки, односно прикажување на невистините цени на одредени играчи за добар биланс во деловните книги и избегнување на санкции за прекршување на финансискиот фер-плеј.
Како потсетување, првичната казна за Јувентус беше 15 бодови, но по жалбата истата е намалена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА