Според бројните информации од светските медиуми, Винисиус Жуниор се подготвува за спектакуларен потпис ова лето.
Бразилецот долго време преговара за нов договор со Реал Мадрид, но не е постигнат никаков напредок. Неговиот договор истекува во 2027 година, но со оглед на тоа што практично нема никаков напредок, челниците на Реал Мадрид се подготвени и да го продадат.
Флорентино Перез не сака да го пушти да си замине бесплатно на крајот од следната сезона и е подготвен да го продаде ова лето.
Манчестер Јунајтед е клуб кој сака да ја искористи целата ситуација и да го доведе овој одличен играч на Олд Трафорд.
Агентите на Винисиус Жуниор веќе се во преговори со Манчестер Јунајтед, но и со неколку други клубови од Англија. Имено, станува збор за состаноци одржани со челниците на Манчестер Сити, Арсенал, Челси и Ливерпул.
Дополнително, неговите агенти разговарале и со претставници на ПСЖ и Баерн Минхен.
Секако, ова се клубови кои би можеле да си дозволат таков трансфер и кои би имале пари за неговата неделна плата од над 500.000 евра.
Иако Винисиус не е очаен да го напушти Реал Мадрид, и тоа како се најавува негов спектакуларен трансфер ова лето!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

