Дони ван де Бек конечно ќе си замине од Манчестер откако доби зелено светло од клубот за од почетокот на јануари да се пресели во редовите на Ајнтрахт. За Ван де Бек сериозен интерес покажуваше и шпанскиот прволигаш Жирона, но челниците на Ајнтрахт беа поумешни во преговорите и го осигураа потписот на поранешниот холандски репрезентативец.
Тој не успеа да реализира летен трансфер од „Олд Трафорд“, по што ги мина последните месеци само со тренинзи и минимален број на натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“. Тен Хаг јасно стави до знаење дека не смета на својот поранешен пулен од Ајакс, а клупските директори на крајот ја прифатија понудата на Ајнтрахт.
Таа се однесува на шестмесечна позајмица, со тоа што германскиот клуб ќе ја покрие целосно платата што Ван де Бек требаше да ја земе во Манчестер до крајот на сезонава. Исто така, во договорот има и клаузула за откуп во висина од 15 милиони евра, но таа не е задолжителна и Ајнтрахт ќе може да ја активира доколку Холанѓанецот блесне во наредниот период во дресот на бундеслигашот од Франкфурт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА