Серхио Рамос е подготвен за камбек во европскиот фудбал откако искусниот дефанзивец објави дека нема да го продолжи договорот со мексиканскиот клуб Монтереј чиј член беше од февруари годинава.
Мексиканците му понудија нов договор на 39-годишниот ветеран, но Рамос ја одби оваа понуда со јасна желба да се врати назад во Европа и да се бори за место во шпанската репрезентација за претстојниот мундијал.
„Готово е, дуелот со Толука беше последен за мене. Си заминувам со убави спомени“, објави Рамос по поразот во полуфиналето од мексиканскиот национален тим.
Неофицијално, ветеранот се понудил да се пресели во Милан, подготвен е да прифати и минимална плата, но управата на „росонерите“ засега не повлекла конкретен потег на оваа тема. Фактот дека би бил достапен без отштета го прави Рамос интересен за „росонерите“, особено по одличното искуство од трансферот на Модриќ, па останува да се види дали уште еден ветеран ќе му се приклучи на Хрватот на „Сан Сиро“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

