Милан Лазаревски се приклучи на долгата листа на играчи кои сезонава си заминуваат од Металург, откако македонскиот пивот реши да ја продолжи кариерата во Словенија. Негов нов клуб ќе биде Тримо Требње, откако Лазаревски денеска потпиша договор со словенечкиот прволигаш до јуни 2023 година.
Tој доаѓа во Тримо на местото на Грбиќ, кого го очекува повеќемесечна пауза по тешката повреда на коленото.
„Пресреќен сум што доаѓам во голем клуб како Тримо Требње, сериозен проект што се развива од година во година. Добро сум примен од луѓето во клубот и од соиграчите, благодарен сум на укажаната шанса и ќе сторам се за да ја оправдам довербата“, изјави 24-годишниот Лазаревски по потписот на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА