Збогум на фудбалот: Хавиер Маскерано ја заврши кариерата

Долгогодишниот аргентински репрезентативец Хавиер Маскерано објави дека на 36-годишна возраст му кажува збогум на фудбалот, откако донел одлука да ја заврши својата фантастична кариера. Тој ја мина последната сезона во дресот на Естудијантес.

„Сакам да соопштам дека ја завршувам кариерата. Им благодарам на луѓето од Естудијантес кои ми овозможија да се вратам и да одиграм уште една година во татковината“, изјави Маскерано.

Големиот борец има зад себе 147 средби во дресот на Аргентина, а на клупски план ги бранеше боите на Ривер, Коринтијанс, Вест Хем, Ливерпул, Барселона и Хебеи, пред лани да потпише договор со Естудијантес.

Најуспешни сезони сигурно му се седумте минати во дресот на Барселона, период во кој освои две титули во Лигата на Шампионите и пет трофеи во Ла Лига.

Се вчитува...