Збогум НБА: Српскиот џин пред камбек во Европа

Бобан Марјановиќ е на добар пат по девет години да ја напушти НБА-лигата и да се врати назад во европската кошарка. Српскиот џин е без договор и моментно нема понуда од најсилната лига во светот, па затоа најреална опција му е враќање на Стариот континент, каде Бешикташ е тимот што е најзагреан да го доведе Марјановиќ во своите редови.

Турскиот прволигаш се натпреварува во Еврокупот, а на ангажман на српскиот центар инсистира тренерот Душан Алампијевиќ. Според него, Марјановиќ е алката што недостига за тимот да се бори за трофејот во Еврокупот, што е неопходно за добивање виза за влез во Евролигата.

Српскиот џин заработи 40 милиони долари од настапите во НБА-лигата какочлен на Сан Антонио, Детроит, Далас, ЛА Клиперс и Хјустон, а според информациите од северниот сосед Марјановиќ е подготвен да се врати во Европа и да одигра една до две сезони пред да каже збогум на кошарката.

Останува да се види дали тоа ќе биде во Бешикташ или можеби во друг клуб кој е дел од Евролигата…

Се вчитува...