Збогум, Премиер-лига: Евертон ќе заврши под стечај?

Евертон беше казнет со одземање на десет бода од премиерлигашката табела поради прекршување на правилата за финансиско работење, значително компликувајќи ја битката за опстанок во елитата за „карамелите“ од Ливерпул.

Сепак, ситуациајта за клубот од „Гудисон Парк“ уште повеќе се искомпликува по тужбите од Лестер, Барнли и Лидс, клубови кои вкупно бараат над 300 милиони фунти како отштета од „карамелите“. Овие клубови сметаат дека не би испаднале од Премиер-лигата ако Евертон не работел противзаконски и имаат валидни аргументи во судскиот случај против овој ривал, но тоа би можело да доведе до целосен финансиски колапс за „карамелите“.

Имено, доколку биде одлучено дека Евертон е виновен во овој случај, тоа ќе значи сериозно нарушување на ионака тешката финансиска состојба на клубот. Тие 300 милиони фунти што ќе треба да се платат ќе придонесат Евертон веднаш да се најде под стечај, што само по себе значи и одземање на дополнителни девет бода од табелата.

Навистина тешки моменти за управата на Евертон, која може само да чека и да се надева на милост при судската одлука, бидејќи на овој клуб не му се пишува ништо добро…

Се вчитува...