Факундо Кампацо експресно ќе ја заврши авантурата во Црвена Звезда, откако аргентинскиот плејмејкер донел одлука каде ќе настапува наредната сезона. Одличниот кошаркар дојде како големо засилување во декември, потпишувајќи договор до крајот на сезонава, со опција за уште една дополнителна година.
Шансите за останување секако беа многу мали, особено откако Кампацо експресно почна да блеска на евролигашката сцена, привлекувајќи го вниманието на бројни гиганти. На маса имаше неколку понуди, но според шпанските медиуми, тој веќе ја избрал онаа на Реал Мадрид, прифаќајќи ја понудата за договор на почетни две години. Според истите извори, трансферот бил договорен пред гостувањето на Црвена Звезда во Барселона во Евролигата, а Кампацо веќе ги известил и челниците на „црвено-белите“ за својата одлука
„Кралевите“ ќе му дадат на Кампацо плата од 1,6 милиони евра по сезона, а згора на тоа ќе му биде отпишан долгот од 2,6 милиони евра што Аргентинецот го има кон Реал кога реши да ја искористи клаузулата за заминување во НБА-лигата, останувајќи му должен на шпанскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА