Збогум, Вардар – Реис Жуниор промовиран во Украина

Уште еден фудбалер на Вардар и официјално го напушти таборот на „црвено-црните“, откако Бразилецот Реис Жуниор го комплетираше трансферот во украинскиот прволигаш Зорија.

Левиот бек го привлече вниманието со серијата одлични настапи во дресот на „вардарци“, откако иако настапуваше во одбраната успеа да постигне пет гола и шест асистенции на 21 натпревар сезонава. Во ситуација на распад-систем во Вардар тој веднаш доби неколку понуди да си замине како слободен играч, од кои ја избра онаа за преселба во Украина.

„Прво засилување на Зорија во овој преоден рок е бразилскиот лев бек Реис Жуниор, со прекар Жунињо. Овој фудбалер пристигнува од Вардар, а со нашиот клуб потпиша договор на две сезони“, се вели во клупското соопштение на украинскиот прволигаш.

Се вчитува...