Ракометниот репрезентативец на Македонија, Дејан Манасков и официјално се прости од верните фанови на Веспрем. Тој од следната сезона ќе има нов предизвик на клупски план, откако не го продолжи договорот унгарскиот вицешампион.
Без оглед на резутлатот од Ф4 турнирот во Келн, денес фановите на унгарскиот гигант им посакаа добредојде на ракометарите и стручниот штаб, а посебни овации доби токму нашиот репрезентативец, кој со емотивен говор се збогува со нив.
Манасков во дресот на Веспрем запиша 160 натпревари и постигна 548 погодоци. Во Унгарија пристигна пред пет години, од редовите на Рајн Некар Левен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА