Ненад Димитријевиќ прикажува добри игри во дресот на Зенит во првиот дел од сезонава, но македонскиот репрезентативец би можел наскоро да го напушти рускиот клуб и да се врати назад во Евролигата.
Баерн Минхен е клубот што покажува сериозен интерес за нашиот интернационалец, откако по доаѓањето на тренерот Светислав Пешиќ баварскиот гигант се активираше на пазарот во потрага по нов организатор на играта. Димитријевиќ потпиша договор на две години со Зенит, но кај Македонецот постои желба повторно да заигра во Евролигата и да докаже дека случувањата во Олимпија Милано ланската сезона беа само лоша епизода.
Во прилог на Димитријевиќ оди и фактот дека Зенит се интересира за Ксавиер Рејтан-Мејс, па руските медиуми најавуваат дека би можело да дојде до размена на овие двајца кошаркари .
Италијанскиот кошаркарки новинар Андреа Калцони тврди дека сите детали се договорени и дека Нено веќе вечерва ќе замине за Минхен, па останува да се види дали овие најави ќе се реализираат и Димитријевиќ повторно ќе биде дел од елитното европско натпревраување.
✅✍️Neno Dimitrijevic returns to the EuroLeague. He leaves Zenit and signs a contract with Bayern Munich, per sources.
Dimitrijevic will leave for Munich tonight.#EuroLeague #Bayern #Zenit pic.twitter.com/b0KIc4g9qL
— Andrea Calzoni (@Andrea__Calzoni) January 2, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

