Збогување од сништата: Суарез постигна голчиште па плачеше заедно со навивачите (ВИДЕО)

Легендарниот уругвајски напаѓач Луис Суарез го одигра последниот натпревар во дресот на бразлскиот Гремио, а од навивачите на клубот се отпиша постигнувајќи спектакуларен гол во победата на неговиот тим од 1-0 против Васко де Гама па доби овации од преполниот стадион.

Емотивна порака испрати и Гремио кој на социјалните мрежи му се заблагодари на Уругавецот додавајќи дека ќе остане бесмртен.

„Испиша прекрасно поглавие од нашата историја. Каде и да бидеш, за нас засекогаш ќе бидеш бесмртен“, стои во објавата на бразилскиот клуб.

За Суарез тоа беше 555 погодок во кариерата, а и покрај тоа што е во 36 година од животот тој нема намера да ги „закачи копачките“ и голема е веројатноста дека повторно ќе заигра рамо до рамо со некогашните соиграчи од Барселона во Интер Мајами.

„Морам да се одморам и да уживам во семејството, а тек потоа судбината ќе одлучи каде ќе продолжам“, кратко изјави Суарез по натпреварот.

Се вчитува...