Зборот си е збор: Стана светски шампион, па дојде гол на прес-конференција (видео)

Мaрк Вилијамс со фантастична игра во финалето против Џон Хигинс ги воодушеви снукер-фановите ширум светот, а потоа им се оддолжи и на новинарите, доаѓајќи гол на шампионската прес-конференција.

Откако во второто коло го победи Роберт Милкин, Вилијамс изјави: Ќе дојдам гол на прес-конференција, само да станам шампион.

Свесен дека последен пат се искачи на тронот пред 15 години, а лани воопшто не учествуваше на шампионатот, Вилијамс знаеше дека шансите се мали. Сепак, тој играше се подобро од дуел во дуел, за на крајот да се искачи на тронот.

И веднаш да им порача на новинарите: Ќе дојдам како што се договоривме, не се грижете. Јас сум човек од збор.

И навистина, Марк Вилијамс пристигна на прес-конференција носејќи само знаме околу појасот, за веднаш штом седна да го отстрани и да го одржи ветувањето – гол да дава изјави на шампионската прес-конференција.

Се вчитува...