Токму пред селекторот на Англија, Томас Тухел, Маркус Рашфорд постигна два гола за Барселона против Њукасл и го потсети светот на својот квалитет, во победата од 1-2 на гостувањето против Њукасл во Лигата на шампионите.
Тоа беше неговиот прв гол откако пристигна на позајмица во каталонскиот клуб ова лето, испраќајќи силна порака до својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, како и до Астон Вила, кои сè уште не постигнале гол во Премиерлигата без него.
„Кога добивме шанса да го доведеме Маркус, реков – ‘Добро, мора да го направиме тоа!’, му реков: ‘Те сакам во мојот тим’. За мене, тој е исклучителен играч и одличен финишер. Не сум изненаден што го направи ова“, рече Флик по синоќешниот меч
Германскиот стручњак додаде дека овие голови би можеле да бидат клучот за следниот пробив на Рашфорд.
„Секогаш го гледаме тоа на тренинзите, а сега го видовме и на натпревар. Одлично е што го имаме. Овие два гола многу ќе му помогнат. Два гола во Англија против Њукасл за Барселона – тоа ќе му даде огромна самодоверба“, заклучи Флик.
Рашфорд беше подеднакво задоволен.
„Во Шпанија оди добро, учам многу бидејќи е различен стил на фудбал, но уживам во сè и мислам дека тоа ме прави подобар играч“, рече Англичанецот.
А, добро ќе се памети вториот гол на Рашфорд на синоќешниот меч против Барселона кое беше вистинско РЕМЕК-ДЕЛО.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

