Напаѓачот Виктор Бонифејс нема да потпише за Милан. Ова се најновите информации кои доаѓаат од Италија. И покрај тоа што голгетерот на Баер Леверкузен беше неколку дена во Милано на преговори, сепак, тој ќе се врати уште денеска во Германија.
Нигериецот последните неколку дена ги мина во Милано, чекајќи ја промоцијата. Меѓутоа после медицинските прегледи и консултациите со лекарите, Милан се одлучил да не ја заврши оваа зделка. Вчера и дефинитивно одлуката била донесена, а точната причина зошто Милан во последен миг го откажал трансфер не е позната.
Бонифејс беше еден од заслужните за титулата на Баер Леверкузен во 2024 година. Меѓутоа во изминатата сезона едноставно беше во сенка зад другите играчи. Во минатото покрај Леверкузен, настапуваше за Унион Сант Жилоа и во Бодо Глимт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

