Струмичкиот второлигаш Беласица доведе големо засилување во своите редови. Искусниот играч за врска Горан Здравков, кој доаѓа од најголемиот конкурент, штипска Брегалница, е нов играч на „сино-белите“.
Во пакет од Брегалница доаѓаат и Александар Василев и Томе Јанев, кои повторно се враќаат во Беласица. Василев и Јанев ги засилуваат стоперските позиции.
Горан Пашовски доаѓа од ФК Пелистер и ќе го засили тимот на голманската позиција. Мартин Мирчевски, кој доаѓа од Победа, е еден од најдобрите млади таленти во првенството и игра на крилните позиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА