Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре (18.45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Шпанија во натпревар од квалификациите за ЕП. Играчот за врска Давор Здравковски вели дека нашите момци се мотивирани за докажување и дека ќе се обидат во целост да ги спроведат на теренот инструкциите на селекторот Благоја Милевски.
„Може да се очекува мотивирана Македонија. Тоа е обврска кон дресот што го носиме. Ќе дадеме сѐ од себе да ги исполниме задачите од селекторот и да бидеме дисциплинирани на теренот“, вели офанзивецот во младиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА