Давор Здравковски со тимот на Мадервел се пласираше во полуфиналето од шкотскиот лига-куп откако во вечерашниот четвртфинален дуел славеше над Данди Јунајтед со 2-1.
Овој меч претставуваше и мак-дерби во шкотскиот фудбал ако се знае дека тројца македонски репрезентативци беа стартери, Здравковски кај Мадервел, Бабунски и Трапановски кај Данди Јунајтед, за на крајот сепак да се радуваат домаќините со гол постигнат во судиското продолжение.
Мадервел поведе пред самиот крај на првото полувреме, Данди израмни во 83.минута преку Моулт, а момент на одлуката беше 93. минута кога Милер од пенал го одведе домашниот тим во полуфиналето.
Здравковски ги одигра сите 90 минути за Мадервел и доби жолт картон во финишот, додека Трапановски беше заменет во 58. минута, а Бабунски 15 минути подоцна.
Lennon Miller sends Motherwell through to the Premier Sports Cup Semi-Final 😱
The 18-year-old converts his penalty after great work by Moses Ebiye to win it 🟠#PremierSportsCup | @spfl pic.twitter.com/P1J3vnoj4x
— Premier Sports (@PremSportsTV) September 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА