Руската боксерка Азалија Аминева проговори за учеството на контроверзната Алжирка, Иман Келиф на Олимписките игри во Париз.
Иман Келиф со пласманот во полуфиналето на Олимписките игри обезбеди медал за својата земја, а во полуфиналето ќе се бори со Тајланѓанката Џанг Суванапенг.
Да потсетиме, алжирската боксерка привлече големо внимание на овогодинешното најголемо спортско шоу поради тоа што поради машки хромозоми во телото и беше забрането да настапува на Светското првенство, а ИОК и одобри учество во Париз.
На ден пред полуфиналето, 22-годишната Русинка Азалија Аминева и испрати порака на Алжирката.
„Здраво, Иман. Зарем не гледаш дека крена голема прашина? Се сеќаваш ли на нашата борба на индиското првенство минатата година, кога те нокаутирав? Подготвена сум за реванш и повторно ќе те нокаутирам и ќе ти вратам за сите девојки што ги тепаше“, беше јасната порака на Русинката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА