Силекс е во страшна резултатска криза, се наоѓа на последната позиција на табелата со само седум освоени бода по десет одиграни кола, а дополнителен проблем за кратовскиот прволигаш се и кадровските проблеми. Момчило Митевски, стратегот кој го наследи Жикица Тасевски на клупата, поради здравствени проблеми одреден период нема да биде во можност да ја извршува функцијата. Засега, привремено решение ќе биде Горан Симов, кој ќе има задача да го извлече тимот од дното на табелата.
Силекс вчера загуби со 2-0 на гостувањето против Шкупи и е единствен тим во прволигашката конкуренција со само една победа по десет одиграни натпревари. Во следното коло, во Кратово ќе гостува Работнички со Жикица Тасевски, кој сега е на кормилото на „романтичарите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

