Здружението на кошаркарски играчи викендов одржа редовно годишно собрание, на кое беше избрано ново раководство, воедно и се дискутираше за приоритетите што ова здружение треба да ги има во наредниот период. Соопштението го пренесуваме во целост:
Здружението на кошаркарски играчи, во конгресната сала при спортскиот центар Борис Трајковски денес на 24/02/2018 со почеток во 15 часот го одржа редовното годишно собрание. На оваа седницата поради истек на мандатот на членовите на управниот и надзорниот одбор се избраа нови членови.
Новоизбрани членови на управниот одбор се: Јане Петровски, Дарко Соколов, Марко Симоновски, Бојан Крстевски, Бојан Трајковски, Стојан Ѓуроски, Симона Деловска, Едина Муса, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Миливоје Трифуновски, Бојан Серафимов и Андреја Атанасов.
Новоизбрани членови на надзорниот одбор се: Кирил Николовски, Предраг Паиќ, Игор Пенов, Кирил Павловски, Димитар Караџовски, Александра Стојановска, Александар Костовски.
Управниот одбор за нов претседател на здружението на кошаркарски играчи го избра Миливоје Трифуновски, а за потпретседател го избра Бојан Серафимов.
На денешната седница се отвори дебата во која насока, какви цели и ставови ќе има здружението во иднина. Како најважни можеме да ги споделиме следните заклучоци, за кои сите членови едногласно се согласија:
– Здружението преку почести средби и собранија ќе настојува гласот и визијата на секој играч да се чуе и заедно да се застапуваме за подигање на квалитетот и условите за кошаркарите и кошаркарките во сите македонски лиги;
– подобрување на условите за тренинг и натпревар (на пр. промена на правило за минимална температура
во салите од 12 степени);
– здраствено и пензиско осигурување;
– дефинирање на минималната плата за репрезентативци, прволигаши, второлигаши и прва лига жени;
– формирање на правна служба која ќе изготви колективен договор помеѓу играчите, клубовите и МКФ;
– начини на финансирање на здружението;
– зголемени премии при настап на репрезентативците во сите категории;
– многу други барања кои ке бидат презентирани на следниот состанок со раководството
на МКФ, а за истите ќе бидат информирани и медиумите и македонската јавност.
Радува фактот што на ова собрание добивме дваесетина нови членови со кои сите заедно ја продолжуваме борбата за подобра кошаркарска Македонија. Здружени сме најсилни и ќе постигнеме многу!
Спортски поздрав,
Здружение на кошаркарски играчи
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА