Здружението на професионални тенисери и тенисерки (ПТПА) формирано од страна на Новак Ѓоковиќ и уште неколку врвни асови на овој спорт, денеска поднесе тужба во судот во Њујорк, против АТП и ВТА, како и против Меѓународната Тениска Федерација (ИТФ) и Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА).
Станува збор за таканаречена антимонополска тужба во која тениските организации се однесуваат како картел, односно со своето дејствување спречуваат фер пазарно натпреварување, воедно и работат против доброто на тенисерите.
Тужбата е поднесена до Окружниот суд во Њујорк и има дури 163 страници, а во неа се бара крај на „бесконечни овластувања на спортските управни тела“.
Паралелно со оваа тужба во САД, се покренува и правна постапка на истата тема во Велика Британија, но и во Европската Унија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА