Ветеранот на бразилскиот прволигаш Палмеираш, Зе Роберто на 43 години стави крај на фудбалската кариера откако вчера го одигра последниот натпревар во бразилската Серија А на домашен терен. Победата над Ботафого од 2-0 беше убав начин да се испрати бразилската легенда.
Во неговата богата, 23-годишна кариера одигра над 900 натпревари за неколку великани во Европа, а најмногу се истакна во дресот на Баерн Минхен, каде настапи на 258 натпревари постигнувајќи 20 гола и 62 асистенции.
Со „баварците“ освои четири титули во германското првенство, како и два германски купови. Со репрезентацијата на Бразил ја освои Копа Америка во два наврати, а истото му успеа и во Купот на конфедерации.
Во 1998 година играше и финале на Светското првенство, каде дожвеа пораз од Франција со 3-0. За СП 2002 година не доби повик од репрезентацијата, додека во 2006 беше дел од најдобрите 11 на мундијалот во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА