На натпреварот од третото коло од Конференциската лига на УЕФА помеѓу Шкендија и Јагиелонија (1-1), во 40-тата минута од натпреварот, Арбин Зејнулаи доживеа удар во лицето, по што ја изгуби свеста на неколку моменти.
Благодарение на брзата и професионална интервенција на медицинскиот тим на Шкендија, ситуацијата веднаш беше ставена под контрола, додека играчот беше заменет од безбедносни причини.
Според извештајот на медицинскиот персонал на клубот, дејствијата се преземени во согласност со протоколите и препораките за повреди од ваков карактер. Зејнулаи денеска бил на рендгенско снимање, кое за среќа не открило сериозна повреда.
Периодот на опоравување ќе трае 2-3 дена, по што се очекува да се врати на тренажниот процес со тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

