Шкендија утре од 21 часот во Ларнака на гостувањето против АЕК во Кипар ја очекува последниот натпревар од лигашкиот дел во Конференциската лига на УЕФА.
По одличната есен на европската сцена, за Шкендија ова е историски натпревар преку кој тимот може да се избори и за европска пролет, за првпат во историјата на македонскиот клупски фудбал. Со позитивен резултат утре против АЕК Ларнака, „црвено-црните“ од Тетово и дефинитивно може да се изборат за 1/16-финале во Конференциската лига на УЕФА.
Свесен за тоа е и еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, 26-годишниот Арбин Зејнулаи.
„Ова е историски натпревар за нас, и ние сме сите подготвени да го дадеме максимумот на терен како би дошле до позитивен резултат со кој ќе продолжиме понатаму во Европа“ – вели Зејнулаи во пресрет на натпреварот и дополнува:
„Силно веруваме дека може да се избориме за останување на европската сцена. Но, фудбалот не е математика. Затоа мора да бидеме подготвени за секоја ситуација на терен. Мора единствено да се фокусираме на нашата игра на терен и да одиме на позитивен резултат. А, потоа математиките сами ќе го кажат своето“.
Колку е анализиран тимот на АЕК и колку може да се изненади на домашен терен?
„АЕК се навистина силен противник, одлично тактички подготвен тим. Имаат и одлични резултати во Европа, но ние мора да ја гледаме нашата игра. Ако одиграме онака како што знаеме и умееме, секако веруваме во успех. Позитивниот резултат со Слован Братислав ни дава дополнителен мотив и за ова гостување во Кипар, иако секој натпревар си е посебна приказна за себе. Но, тој резултат против Слован треба само да ни покаже колку ние имаме сериозен капацитет како екипа, и треба силно да веруваме во себе“ – вели Зејнулаи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

