Лејсон Зеќири е еден од неколкуте кошаркари кои се враќаат во националниот тим откако летово од приватни причини не беше дел од репрезентацијата.
Крилниот центар кој дефинитивно ќе биде од голема помош во борбата под обрачите очекува квалитетот да биде потврден на терен и овие претквалификации да ги почнеме со две победи над Азербејџан и Ирска.
„Очекувањата за мечевите со Азербејџан и Ирска се да победиме. Ние сме фаворити, го имаме и домашниот терен на првата средба, но мора да бидеме и доста внимателни, затоа што мало опуштање може да ги однесе натпреварите во поинаков тек“ – вели Зеќири.
Цел на Македонија во овој претквалификациски циклус мора да биде освојување на првото место во групата…
„Со враќањето на искусните играчи, како Војдан Стојановски, и ние можеме да напредуваме и да учиме од нив. Да собираме искуство како да одиграме меч, како да завршиме или привршиме меч. Верувам дека, ако сите ги исполниме задачите на селекторот, можеме до првото место“, истакнува Лејсон Зеќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

