Македонскиот тренер Зекирија Рамадан ја предводеше косовска Дрита до победа и на реваншот во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции, и така се пласираше во следната фаза.
Дрита денеска го совлада тимот на Бреидаблик со 1-0, седум дена откако и на првиот меч оствари триумф од 2-1. Бреидаблик во 1. квалификациско коло играше против кавадаречки Тиквеш и се пласираше во следната рунда благодарение на победата од 3-1 на домашен терен, откако во Скопје беше 3-2 за Тиквеш.
Во 3. коло Дрита го чека подобриот од дуелот Ауди – Клифтонвајл. Во првиот меч Ауда славеше триумф од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА