Зекирија Рамадан нов тренер на косовскиот тим Трепча 89

Македонскиот фудбалски стратег Зекирија Рамадан е именуван за нов тренер на косовскиот тим Трепча 89. Тој се договори со раководството на овој клуб да го преземе тимот и да го предводи во наредниот период, во битката за шампионската титула. Овој тим се наоѓа на првата позиција по 17 одиграни кола, со освоени 39 бода.

Рамадан претходно беше тренер и на македонскиот прволигаш Шкупи, а работеше и во албанскиот клуб Фљамуртари.

 

Се вчитува...