Зекирија Рамадан обезбеди групи во ЛК, елиминација за Серафимов, Ѓорѓиевски, Костадинов…

Екипата на косовска Дрита која е предводена од Зекирија Рамадан, успеа да го мине тимот на Диферданж од Луксембург и да обезбеди учество во Лигата на Конференции на УЕФА. Рамадан на реваншот успеа да слави победа од 0-1, и со вкупни 3-1 ќе игра во третото по ранг клупско натпреварување во Европа.

За тимот на Дрита играат и Егзон Бејтулаи и Блертон Шеји, кои се најдоа во составот за реваншот.

Елиминација доживеаја Димитар Митровски со Олимпија, кој беше поразен од Ноах од Ерменија, потоа Марко Ѓорѓиевски откако неговиот Клуж беше елиминиран од шведски Хакен, и покрај победата на реваншот. Групите во Лигата на Конференции беа недостижни и за Никола Серафимов од Левски, кој загуби од Аз Алкмар. Нема да оди во групите во Конференциската лига ниту Тихомир Костадинов кој беше елиминиран од Малме.

Противникот на Вардар во второто коло, екипата на Лозана го елиминираше големиот Бешикташ и тоа на гости со 0-1.

Се вчитува...