Македонскиот стратег Зекирија Рамадан, кој е на клупата на косовскиот прволигаш Дрита, е на добар пат за пласман во 3. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
Дрита во првиот натпревар од 3. коло, славеше на гостински терен со 1-2 против исландски Бреидаблик, тимот кој го елиминираше Тиквеш во првото квалификациско коло.
Во тимот на Дрита настапија и поранешниот македонски репрезентативец Егзон Бејтулаи, како и Блертон Шеји.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА