Косовска Дрита предводена од македонскиот стратег Зеко Рамадани е на пат да обезбеди групна фаза во Конференциската лига на УЕФА откако во првиот натпревар од плеј-офот на домашен терен славеше против луксембуршки Диферданж со 2-1.
Во стартниот состав на Дрита беше и поранешниот македонски репрезентативец Егзон Бејтулаи како и Блертон Шеји.
А, најверојатно Конференциска лига ќе игра и Дарко Велковски со Зрињски, со оглед на тоа што тимот од БиХ во плеј-офот за групи во Лигата на Европа загуби на домашен терен со 0-2 од холандски Утрехт.
Дарко Велковски остана само на клупата за резервни фудбалери кај Зрињски.
На клупата за резерви остана и уште еден македонски репрезентативец Никола Серафимов, во поразот на бугарски Левски на домашен терен од холандски АЗ Алкмар , исто така со 0-2, во првиот меч во квалификациите за Конференциската лига.
Димитар Митревски, пак, влезе во игра во 79. минута за Олимпија Љубљана која на домашен терен убедливо со 1-4 загуби од ерменска Ноа, во плеј-офот за Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

