Зелено светло: Гави се враќа на терените по 6 месеци пауза

Барселона добива уште еден огромен адут во пресрет на клучниот дел од сезоната откако суперталентот Гави доби зелено светло да биде дел од тимот на Ханси Флик, веќе за утрешниот дуел од Ла Лига против Севилја.

Гави патуваше со екипата на Њукасл, тој меч го следеше од трибините, но по враќањето во Барселона ги мина и последните прегледи по што и дефинитивно ќе може да му се стави на располагање на тренерот Флик.

Тој паузираше пет и пол месеци поради тешка повреда и операција на коленото извршена во септември 2025, а со оглед на фактот дека Гави веќе има две тешки повреди во кариерата, Флик стави до знаење дека планира постепено да го враќа во натпреварувачки ритам.

Се очекува 21-годишниот играч за врска да одигра најмногу десетина минути против Севилја, и тоа доколку победникот е веќе решен, по што неговата минутажа ќе се зголемува и по репрезентативната пауза би можел да го очекува и првиот избор во стартните единаесетмина на Барса.

Се вчитува...