Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е чекор поблиску до Порто откако португалскиот првак денеска ја прекина соработката со Томас Бауер. Австрискиот репрезентативец самиот потврди дека си заминува од Порто, објавувајќи „Едно врата се затвора, друга се отвора“.
Митревски веќе извесно време на маса има понуда од Порто, но се чекаше разврска на ситуацијата со Бауер пред трансферот на Македонецот да ја донесе конечната одлука. За неговите услуги заинтересирани се и челниците на Вардар, но битолчанецот е многу поблиску до нова преселба во Португалија (каде веќе настапуваше за Бенфика) отколку до враќањето назад во клубот за кој настапуваше од 2007 до 2010 година.
Македонскиот ас го очекува жестока конкуренција за првотимски статус ако се знае дека прв голман на Порто е стартниот чувар на мрежата на португалската репрезентација Алфредо Квинтана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА