Зеленортските острови се пласираа во 1/4 финалето на АКН

Фудбалската репрезентација на Зеленортските острови се пласира во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации откако славеше против Мавританија со 1-0.

Херојот на оваа нација беше Рајан Мендес кој во 88. минута го постигна победоносниот гол реализирајќи од белата точка.

Во четвртфиналето претходно се пласираа и Нигерија, Ангола, Д.Р Конго и Гвинеја, а противникот на Зеленортските острови ќе биде познат по натпреварот помеѓу Мароко и Јужна Африка.

Се вчитува...