Украинскиот претседател Владимир Зеленски го одликуваше со државниот орден на слободата репрезентативецот во скелетон на оваа земја, Владислав Хераскевич, кој беше дисквалификуван од ЗОИ 2026 поради носење на забранета кацига при настапот.
Хераскевич инсиситираше да ја носи кацигата на која беа ликови на загинати украински спортисти во војната со Русија, но ИОК најпрвин јавно го предупреди, а потоа и го исфрли Украинецот од натпреварувањето.
Тој веднаш се врати дома, каде беше награден од највисокиот државен врв за „несебична служба на украинскиот народ, граѓанска храброст и патриотизам во одржувањето на идеалите за слобода и демократки вредности“.
Зеленски додаде дека „да се има храброст е поважно од тоа да се освои медал“, нагласувајќи и дека одлуката на ИОК за дискваликување на Хераскевич не покажување придржување на принципите на олимпизмот, засновани на правдата и на сочувување на мирот.
„Олимпиското движење треба да помогне во запирањето на војните, не да носи одлуки во прилот на агресорите. За жал, одлуката да се дисквалификува Владислав Хераскевич го говори спротивното“, порача украинскиот претседател.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

