Фудбалската репрезентација на Литванија требало да добие нов национален стадион во Вилнус, но работите прекинале откако се воспоставило дека првиот човек на компанијата која била задолженаза изградба Шарунас Степуконис украл и прокоцкал околу 16 милиони евра.
Копанијата „БалтКап“ ги започнала работите, но ги сопрела работите во есен минатата година. Соопштено е дека трошоците се зголемени за 40% и барале да преговараат со Вилнус за новата цена за изградбата. Меѓутоа во медиумите се појавила неверојатна инфроамција.
Степокунис наводно украл 16 милиони од вкупно 30 кои ги добил за почеток на изградбата, и ги прокоцкал во казино. Се обидел потоа да извлече уште пари, но не му успеало.
Набрзо неговата компанија „БалтКап“ ги предала работите на нова фирма Ханер. Оваа компанија ветува дека стадионот ќе биде готов до 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

