ПСЖ има уште само неколку дена за да успее да го стори она што не успеа цело лето – да го продаде Нејмар. „Светците“ веќе подолго време преговараат со Барселона и Реал Мадрид, како опција се споменуваше и Јувентус, но засега се далеку од договор за продажба на суперѕвездата, а време останува се помалку. Токму тоа е адутот на Барселона на денешната нова рунда разговори, на која каталонскиот гигант ќе ја достави својата последна понуда за бразилскиот ас.
Каталонците немаат пари за нов мегатрансфер по оној на Антоан Гризман, па затоа и ќе достават понуда за позајмица на Бразилецот, со клаузула за следното лето задолжително да го исплатат трансферот за сума од 170 милиони евра. Наместо да платат пари за позајмицата, челниците на Барса во спротивна насока на една година би го испратиле Усман Дембеле, фудбалер кој се наоѓа на листата со желби на ПСЖ.
„Светците“ според весникот „Паризиен“ од Барселона бараат 100 милиони евра плус Дембеле и десниот бек Семедо, па се чини дека двете страни се далеку од договор. Сепак, и кај Барса и кај ПСЖ постои оптимизам дека може да биде најден заеднички јазик, па веќе на денешниот состанок да се направи голем чекор напред, за потоа трансферот да се реализира до крајот на оваа седмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА