Земи или остави: Ливерпул со последна понуда за Александер Арнолд

Ливерпул не се откажува од намерата да го задржи Трент Александер Арнолд на „Енфилд роуд“, па англискиот гигант денеска испрати и официјална нова понуда за продолжување на соработката со еден од најдобрите десни бекови во светскиот фудбал во моментов.

Реал Мадрид е во офанзива да го убеди Александер Арнолд да дојде како слободен играч на крајот од сезонава, но „црвените“ се решени да сторат се за англискиот репрезентативец да не си замине од „Енфилд“. Последните информации од Англија говорат дека е испратена нова понуда до агентот на Трент, со вкупна вредност од над 78 милиони фунти. Ливерпул му нуди на дефанзивецот нов петгодишен договор со загарантирани 300.000 фунти неделна плата, плус бонуси за секој освоен трофеј во наредниот период.

Платата што ја нуди Ливерпул е повисока од онаа во понудата на Реал Мадрид, но „кралевите“ нудат и богат бонус од над 30 милиони евра за самиот потпис на договорот.

„Мирен сум и нема потреба да зборувам на оваа тема. Досега имам потпишано три нови договори со Ливерпул и секогаш било мирно, далеку од очите на јавноста се до официјализацијата“, изјави неодамна Трент Александер Арнолд.

Се вчитува...