Премиерлигата донесе итна одлука со која му се одземени 10 бодови на тимот на Евертон. Под лупа на фудбалската асоцијација на Англија веќе подолг период се Манчестер Сити и Челси, кои според поранешниот советник и адвокат на „граѓаните“ Стефан Борсон, им се заканува исфрлање од Премиерлигата.
Тој вели дека казната за Евертон е груба, но тоа би значело дека и други клубови би се соочиле со санкции, меѓу кои и неговиот поранешен клуб Манчестер Сити, како и Челси, до толку што тие ќе бидат драсконски казнети.
„Казната за Евертон ми се чини груба, но тоа значи дека би можеле да се засилат санкциите против Сити и Челси, под услов доказите да се потврдат. Тоа потенцијално може да значи исфрлање“, рече Борсон.
Сити се соочува со 115 обвиненија за кршење на финансиските правила на Премиерлигата, додека Челси имаше финансиски проблеми кои се поврзани со поранешниот газда Роман Абрамович.
Евертон од 14. место со 14. бодови, сега е претпоследен со четири поени, исто колку и последнопласираниот Барнли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА